3.8 C
Skopje
Sunday, December 5, 2021

Јанева нема да даде исказ во истрага, ќе го чека обвинението на Русковска

Најчитани вести

Поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева нема да даде исказ во текот на истражаната постапка за случајот „Рекет“, потврдува нејзиниот адвокат Дељо Кадиев. Тој во изјава за МКД.мк вели дека неговата штитеничка Јанева нема намера ниту да се спогодува и дека ќе остават на обвинителката Вилма Русковска да го поднесе обвинението за „Рекет“.

„Јанева нема да дава исказ во текот на истрагата и нема намера ниту да се спогодува. Ќе почекаме и ќе оставиме да видиме дали и какво обвинение ќе поднесе обвинителката, па за понатаму ќе видиме“, вели адвокатот Кадиев.

Денес исказ во Обвинителството за гонење на организиран криминал требаше да даде Боки 13, но поради лоша здравствена сотојба беше однесен со возило на Итна медицинска помош.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com