13.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Јанева ги користи сите законски можности да излезе од Шутка

Најчитани вести

Катица Јанева не се откажува од намерата да ја напушти Шутка. Нејзините адвокати за Алсат потврдија дека подготвуваат нова жалба до Апелацискиот суд, откако Кривичен ù ја одби молбата ќелијата да ја замени со поблага мерка. Сега судии од повисокиот суд ќе ја разгледуваат гаранцијата која ја нуди поранешната шефица на СЈО – три стана во залог дека нема да бега.

Катица Јанева е зад решетки точно два месеца и два дена. Од ова време, четири дена помина во приватната болница „Жан Митрев“ поради здравствени проблеми. Таа е второобвинета во „Рекет“ за злоупотреба на службената положба. Според доказите на Обвинителството за организиран криминал, преку посредство на Боки 13 и Зоран Кичеец. Јанева му ја олеснила положбата на бизнисменот Орце Камчев, осомничен за перење пари. Како награда добила на подарок мебел вреден пет илјади евра и 50 илјади евра во кеш. Дел од медиумите објавија дека при вештачењето на мобилниот телефон на Боки 13, била откриена фотографија на Јанева со чанта полна со евра.

Адвокатите на Јанева поднесоа и приговор на обвинението кое го напиша Вилма Рускоска за „Рекет“. Клучен елемент кој го спорат незаконитост на дел од обезбедените докази, или поднесено обвинение без целосно изготвени вештачења. Јанева не даде исказ за „Рекет“, како и останатите двајца обвинети. Иако имаше најави за спогодба на дел од обвинетите со Рускоска, засега нема потврда за тоа.

Обвинителството за организиран криминал ја прошири истрагата за „Рекет“. Откако и официјално поднесоа обвинение против Боки 13, Јанева и Зоран Кичеец, истрагата се прошири на хуманитарната организација на Боки – Меѓународен сојуз. Осомничени се неговиот татко Миле Јовановски, неговата заменичка во невладината Јасна Мандиќ, неговата лична асистентка, но и потпретседаталката на Парламентот и пратеничка на СДСМ, Фросина Ременски. Сомневањата се дека Боки 13 преку Ременски влијаел кај бизнисмени и обезбедил еден милон евра, наводно за изградба на старски домови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com