17.8 C
Skopje
Saturday, June 19, 2021

Јанева всушност не поднела писмена оставка, само усна!

Најчитани вести

Не постои оставка на специјалната обвинителка Катица Јанева се додека таа не биде писмено доставена до Советот на јавни обвинители, сметаат експертите.

Од друга страна, ако оставката стане ефективна, без Јанева не постои ниту Специјалното јавно обвинителство и во август не можат да продолжат судењата по десетината преостанати предмети што СЈО ги води пред судовите, па некои експерти сметаат дека треба веднаш да се бира нов специјален обвинител според актуелниот закон за СЈО, објави „Слободен печат“.
Претседателот на Советот на јавни обвинители Коле Штерјев вели дека до Советот нема доставена оставка од специјалната обвинителка Јанева.

– Ние не можеме да ја констатираме оставката само врз основа на нејзината усна изјава. Треба да ја имаме написмено. Ако сака навистина да даде оставка, се знае како се дава според законот – вели Штерјев за „Слободен печат“.

На наше барање и од СЈО потврдија дека писмена оставка на Јанева не е доставена до Советот на јавни обвинители.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести