17.8 C
Skopje
Sunday, September 19, 2021

Јанева веќе неколку часа дава исказ за „Рекет“

Најчитани вести

Во Обвинителството за организиран криминал речиси четири часа трае распитот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за случајот „Рекет“, во кој осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милески за рекетирање бизнисмени.

Јанева дојде во Обвинителство изутрината околу 10 часот во придружба на адвокатот Стеван Павлески. Во кустата изјава за новинарите рече дека очекува нејзиниот денешен исказ да помогне да се забрза истрагата за „Рекет“.

– Јас сум се уште специјален обвинител. Моите колеги имаат целосно овластување да ги застапуваат предметите пред суд. Се надевам дека ќе имаме повеќе разрешници оваа есен. Што се однесува до мојата изјава денеска се надевам дека со моите аргументи и мојата изјава ќе ја забрзам изјавата, изјави Јанева.

Досега во Обвинителството искази дадоа тројца обвинители од СЈО, Лиле Стефанова, Елизабета Јосифоска и Бурим Рустеми. Вчера на распит беше донесен второосмничениот Зоран Милески – Кичеец, како и пензионерката Лилјана Тодоровски, која е потписничка на проектот за европски центар на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.

Катица Јанева и Лиле Стефанова беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com