4 C
Skopje
Tuesday, March 9, 2021

Јанакиески вели дека штрајкува со глад во притвор ама му носат пакети со храна

Најчитани вести

Миле Јанакиески во затворот изјавил дека штрајкува со глад во Истражниот затвор во Шутка. Како што дознаваме од затворот, тој ја одбивал затворската храна, но на Јанакиески вчера му бил донесен пакет со храна во затворот од дома. Причината за штрајкот со глад е судско решение, односно тоа што му се определени два притвора, и куќен и ефективен со исти образложенија, влијание врз сведоци и опасност од бегство.

За штрајкувањето со глад Истражниот затвор во Шутка го известил и Основниот суд Скопје 1.

Јанакиески, покрај обвиненијата на СЈО е осомничен и за продажбата на државното земјиште, како и во постапка во која е осомничен дека е организатор за настаните од 27 ми април во Собранието.

Вчера во Основниот суд Скопје 1 поради отсуство на Јанакиески беше одложено судењето за насилството во општина Центар.

Причина за одложувањето беше тоа што од судот до МВР била издадена наредба за спроведување на Јанакиески од куќен притвор, а тој е во притвор од пред неколку дена.

Од Основниот суд соопштуваат дека наредбата за спроводот на Јанакиески од куќен притвор била издадена пред некое време, односно на последното рочиште за овој предмет, а одлуката за притвор била донесена за викенд, па од судот немале време за да ја отповикаат наредбата.

За Јанакиески сега е правосилно решението за издржување на притвор како мерка за обезбедување на присуство во текот на постапка во која е осомничен за злоупотреба на службената положба.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести