33.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Јакна на Џенет Џексон продадена на аукција за над 80.000 американски долари

Најчитани вести

Јакна во воен стил, што ја носеше американската пејачка Џенет Џексон за време на турнејата „Rhythm Nation“ во 1990 година, беше продадена на аукција во Беверли Хилс во петокот за 81.250 американски долари, за 20 пати повеќе од проценетата цена пред претпродажба.

Кратката црна јакна „Rhythm Nation“, со метални додатоци, беше еден од главните моменти на тридневната продажба на сценски носии и други спомени што пејачката ги има акумулирано во текот на четири децении.

Тоа беше нејзина прва турнеја како соло уметник.

Од Julien’s Auctions соопштија дека јакната се очекува да се продаде од 4.000 до 6.000 долари. Името на клиентот не е објавено.

Петкратната добитничка на Греми, која во недела ќе наполни 55 години, продаде повеќе од 1.000 костуми кои ги носела на сцената, на турнеи, на црвениот тепих и во музички спотови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести