13 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Јадранот се задушува во пластика

Најчитани вести

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското Море е меѓу најголемите во Европа по североисточниот дел на Медитеранот и Келтското Море. Отпад во Јадранот стигнува од речиси четири милиони луѓе што живеат покрај брегот, а тој број се зголемува речиси шестпати за време на туристичката сезона, пренесува хрватски „Индекс“. 

Како што се наведува, посебен проблем за Јадранот е тоа што се работи за релативно мало, плитко и полузатворано море, кое е поврзано со Средоземното Море, кое исто така е полузатворено и загадено. Во водите во Јужна Хрватска околу 90 отсто од пластичниот отпад доаѓа поради струите и ветровите, најмногу од Албанија. Перо Тутман од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит (IZOR) вели дека 70-80 проценти од отпадот во морето доаѓаат од копното, а остатокот е од морето по пат на транспорт, туристички активности, риболов и платформи далеку од брегот.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести