Home » Јавниот обвинител Јовески на средба со Бомгартнер и Дибост

Јавниот обвинител Јовески на средба со Бомгартнер и Дибост

by Журнал.мк

Јавниот обвинител Љубомир Јовески денеска се сретна со францускиот амбасадор во земјава Сирил Бомгартнер и со судијата за врски за регионот на Југоисточна Европа, Фредерика Дибост.

На средбата се разговарало за активностите на Јавното обвинителство по отпочнувањето на примената на новиот Закон за јавното обвинителство, за планираните измени во Законот за кривична постапка, како и за примената на Стратегијата за човечки ресурси во Јавното обвинителство.

– Притоа, Бомгартнер и Дибост ги најавија плановите за организација на регионални семинари кои треба да помогнат за унапредување на соработката меѓу јавните обвинителства од регионот во областите на заплената на незаконски стекнат имот од трговија со наркотици и превенција и борба против корупција, соопшти Јавното обвинителство.

Јовески, од своја страна, информирал за состојбите во Јавното обвинителство и ги поздравил иницијативите за размена на добри практики меѓу земјите во регионот и Франција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk