Home » Јавниот обвинител Јовески на средба со членовите на ДКСК

Јавниот обвинител Јовески на средба со членовите на ДКСК

by Журнал.мк

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески денеска, на сопствена иницијатива, остварил средба со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

На средбата, соопштија од Jавното обвинителство на Република Северна Македонија, во рамки на активностите за зајакнување на националниот фронт за борба против корупцијата, двете институции ги разгледале можностите за дополнително унапредување на меѓусебната соработка.

– Јовески оцени дека по потпишувањето на двостраниот меморандум за соработка, значително е подобрена соработката со Државната комисија за спречување на корупцијата, иако секогаш постои простор директната размена на информации и мислења за конкретни предмети дополнително да се олеснува, се наведува во соопштението.

Исто така, јавниот обвинител на членовите на ДКСК им ги презентирал активностите кои ги планира Јавното обвинителство во следниот период и состојбите и предизвиците со кои се соочува обвинителството во рамки на своето постапување. 

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More