Јавна дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“, ќе се одржи денеска во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).
Воведни обраќања на дебатата ќе имаат претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, министерот за правда Бојан Маричиќ, и заменик-директорката на програмата на Меѓународниот републикански институт за Македонија, Илина Мангова.
На дебатата, организирана преку олајн плафтормата Зоом, ќе бидат извлечени заклучни согледувања, кои понатаму ќе бидат доставени до надлежните институции.