Поранешната „Ѕвезда на Гранд“, Нина Јовановиќ, откри дека е во блаженасостојба.
Во разговорот со Жика Јакшиќ, пејачката ја спомена својата четиригодишна ќерка Сара, а потоа ја откри и најдобрата вест.
– Наскоро ќе имаме принова – рече Нина, а сите ја поздравија нејзината изјава со аплауз.
Жика ја искористи можноста да ѝ честита, но и да ја пофали за нејзиниот изглед.
– Изгледаш фантастично, морам да кажам, и дозволи им на децата да се радуваат. Нина ми се јави пред два, три месеци да ми каже дека е бремена – рече Јакшиќ.
Дополнително, авторот на емисијата додаде дека ја познава Нина лично со години, уште од нејзиното учество во „Ѕвезде Гранда“, и дека оттогаш постојано ја ангажира за своите прослави.
– Таа пее на моите родендени, а јас сум пребирлив кога станува збор за пеење, но не ја забележав во забавни песни. Сѐ најдобро – ѝ рече Жика.
фото:Instagram printscreen/ninajovanovic_official