Home » Ѕверка умре по втор пат! Актерот отстранет од „Сексот и градот“

Ѕверка умре по втор пат! Актерот отстранет од „Сексот и градот“

by Журнал.мк

Актерот Крис Нот е отстранет од претстојното финале на серијата „And Just Like That“ (продолжение на „Сексот и градот“) по обвинувањата за злоставување, пишува магазинот „Пипл“.

Според нив, ликот на Ѕверка требало повторно да се обедини со Кери Бредшо во последната епизода, која би требало да се емитува на 3 февруари. Меѓутоа, откако се соочи со обвиненија за сексуално вознемирување, тие сцени се отстранети.

Ѕверка почина во првата епизода од срцев удар, а актерот по прикажувањето на таа епизода најави враќање на неговиот лик во серијата. Сцената требало да приккаже дека Кери конечно се мири со смртта на нејзиниот сопруг. Тој момент се гледа во сцените на Ѕверка и Кери во Париз, каде и што беа фотографирани за време на снимањето. Екипата на серијата одлучила дека видеото не е доволно значајно за да остане во серијата.

Да потсетиме, четири жени го обвинија Нот за сексуално вознемирување. Последната која излезе во јавноста е кантавторката Лиза Џентиле, која рече дека актерот насилно ја бакнувал и допирал во нејзиниот стан во Њујорк. Таа тврди дека инцидентот се случил откако го запознала актерот во ресторанот „Да Марино“ во центарот на Менхетен, каде уште една жена тврдеше дека Нот ја нападнал.

Џентиле изјавила дека актерот го познава од 1998 година, а инцидентот се случил во 2002 година, кога Нот ја возел дома и побарал да го види нејзиниот стан. Тврди дека тогаш ја турнал, ја бакнал против нејзината волја и ја грабнал за градите. Откако ја опиша целата ситуација, Лиза откри зошто дури сега го кажала тоа јавно.

„Се плашев да зборувам за ова поради моќта на Нот и неговите закани дека ќе ми ја уништи кариерата“, рече Џентиле.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More