23.8 C
Skopje
Friday, June 25, 2021

ЅИРНЕТЕ ВО РАЈОТ НА ЗЕМЈАТА: Сандра Булок купи 3 луксузни вили, искешира дури 16 милиони долари!

Најчитани вести

Американската актерка и продуцентка Сандра Булок (56) неодамна потроши 16,5 милиони долари на три имоти во Малибу и Беверли Хилс, Калифорнија.

Имено, една од недвижнините се наоѓа во ридовите, додека другите две се во првиот ред до океанот. Сандра најпрво купи луксузен дом во престижниот дел на Малибу за 8,5 милиони долари, каде има чувар 24 часа на ден и нејзин прв сосед е нејзината колешка Хали Бери.

Куќата на крајбрежјето се простира на 343 м2, има четири спални и четири бањи. Дневната соба е отворена, светла и пространа и има фантастичен поглед кон океанот и плажата.

Булок потоа купи друг имот во Малибу за 5,3 милиони долари, исто така со поглед на океанот, што е на само неколку врати од првиот имот. Вториот имот се протега на 120 м2 и има две спални, дневна и две бањи.

Последното нешто што го купи славната актерка е бунгалов во планините над Беверли Хилс за 2,7 милиони долари.

Изграден е во 1946 година и неодамна е реновиран. Се простира на 260 м2 и има три спални и три бањи. Дневната соба е пространа и има високи тавани, во куќата има библиотека и базен со водопад во дворот.

Sвездата од „Брзина“ сега поседува околу 17 имоти низ САД, вклучувајќи вила во Тексас со поглед на езерото, како и куќа во Њујорк и Њу Орлеанс.

Погледнете само еден дел од овој прекрасен рај:

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести