7 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

Ѕирнете во луксузот од 8,5 милиони долари на Џастин Бибер

Најчитани вести

Познатиот канадски пејач Џастин Бибер реши да ја „отвори вратата“ од својот дом на Беверли Хилс во кој живее заедно со својата сопруга Хејли Бибер. Имено, тој на Инстаграм објави сет фотографии од својата куќа која по наводите на „The Los Angeles Time“ чини цели 8,5 милиони долари.

„Мислам дека сакам да го продадам својот дом на Беверли Хилс, кој го сака? Го продавам наместен. Направете ми понуда“ – напиша Бибер на популарната социјална мрежа.

Според листата на „The Los Angeles Time“, оваа недвижнина има површина од 567 метри квадратни и има 5 спални соби, седум тоалети, библиотека, вински подрум и домашно кино.

Погледнете ги фотографиите и видеото што ги објави Бибер од својот луксузен дом.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести