22.8 C
Skopje
Saturday, July 31, 2021

Ѕвездите на Интер се откажаа од премиите за Скудетото

Најчитани вести

Интер сезонава игра фантастично во Серија А и се наоѓа на праг да го освои Скудетото, а фудбалерите на тимот од Милано решија да направат потег за почит.

„Нераѕурите“ се соочија со финансиски проблеми поради пандемијата на ковид-19, па тие ги загубија сите приходи од влезниците, а сега фудбалерите за да му помогнат на клубот се откажаа од премиите за Скудетото.

Со оглед на тоа дека имаат 13 бодови повеќе од Аталанта речиси е јасно дека Интер ќе биде нов шампион на Италија, а тоа може да се случи уште викендов доколку екипата на Антонио Конте слави со Кротоне, додека Аталанта загуби од Сасуоло.

Тоа ќе биде прво Скудето за Интер по долга пауза од 2010 година, кога го освоија трофејот под водство на Жозе Мурињо.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести