7 C
Skopje
Saturday, March 6, 2021

Ѕвездата на „Гранд“, Александар Јосифовски ќе ја враќа мајка си на сцена

Најчитани вести

Младиот пејач Александар Јосифовски е новиот учесник од Македонија во популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“ . Тој успеа да ги освои сите седум гласови од жирито. Јосифовски  ни откри дека на ова музичко шоу се пријавил само заради својата мајка која некогаш била пејачка.

„И поставив ултиматум на мајка ми да се врати на музичката сцена, ако сака и јас да се занимавам со пеење“, вели новиот миленик од „Гранд“.

Малкумина знаат дека негова мајка е фолк пејачката Елизабета Јосифовска. Таа во 1996 година со песната „Ем го мразам, ем го посакувам“ настапи на фестивалот „Тримери“ во Струмица. Сега по толку години таа прифати заради својот син да сними спот за истата песна која ја отпеа пред 23 гиодини.

Исто така најави дека ќе снима и нови песни.

Јосифовски пред само неколку дена настапи со песните „Једина“ на Владо Георгиев и „Угаси ме“ од групата „Парни Ваљак“. Александар во наредниот период во музичкото шоу ќе работи со рок ѕвездата Ѓорѓе Давид Николиќ, кого го избра за свој ментор.

Александар има и свој рок бенд „French Olives“. Покрај него во групата се и Мартин Милески – гитара, Славчо Китаноски – клавијатури и Климент Боев – тапани.

Текстот Ѕвездата на „Гранд“, Александар Јосифовски ќе ја враќа мајка си на сцена е превземен од Reporter.mk.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести