Алфонсо Дејвис е првото име во составот на канадската фудбалска репрензентација, која на претстојниот Мундијал во Катар ќе се појави по 36 години пауза.
Репрезентативците кои играа во квалификациите и го обезбедија пласманот, ќе делат награден фонд од еден милион американски долари, но Дејвис својот дел ќе го донира во добротворни цели.
„Канада обезбеди подобар живот за мене и моето семејство. Ми овозможи да си го остварам сонот. Честа е огромна да ја претставувам Канада на Светското првенство, поради тоа сакам да возвратам на државата така што мојот дел од бонусот ќе го донирам во добротворни цели“, се огласи Дејвис на „Твитер“.
Инаку, фудбалската федерација на Канада доби 10 милиони долари како награда од ФИФА за пласманот на Светското првенство. Канаѓаните се најдоа во групата Б, против Хрватска, Белгија и Мароко.