Home » Ѓорчев: САД е единствениот стратешки партнер на Македонија

Ѓорчев: САД е единствениот стратешки партнер на Македонија

by Журнал.мк

Поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев во 24 анализа рече дека коспонзорирањето на американската резолуција е исправно затоа што според него САД е единствениот стратешки партнер на Македонија.

„Од мој агол на гледање сосема исправна одлука затоа што единствен стратешки партнер на Македонија е САД од 2008 година можеби уште и Турција која важи како земја што не поддржува. Трамп направи пресврт на светската политика и застана како брана на клиентелизмот, корупционерството, невалдините органиации кои години наназад рушат влади, трошат пари на американските граѓани и од прв пат отворено јасно и гласно ги претстави сите тие незаконски дејствија“, рече Ѓорчев.

Тој објасни и дека декларацијата за која Македонија беше поддржувач беше усвоена и целосно поддржана.

„Американската држава независно кој е претседател, е држава која што ја гледаме е држава на американскиот народ и тој народ гласаше за трамп. Зад него стои народот. Најсилната економија, најсилната воена сила и најсилниот геополитички играч. Декларацијата за која Македонија беше поддржувач е успешна и во Советот за безбедност со 10 гласа за целосно беше поддршана без амандмани без додатоците од ЕУ“, додаде Ѓорчев.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk