Home » ​Ѓорѓиевски: Првата затворена спортска сала во Пинтија е во завршна фаза

​Ѓорѓиевски: Првата затворена спортска сала во Пинтија е во завршна фаза

by Журнал.мк

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денес изврши увид во завршните активности за изградба на првиот затворен спортски објект во населбата Пинтија. Салата која има површина од околу 350 м2, е лоцирана во рамките на ПОУ „Рајко Жинзифов“, каде што со години наназад наставата по физичко образование се одвиваше во несоодветни и супстандардни услови. Во моментов се поставуваат панели и прозорци, додека следната фаза вклучува поставување на електричната инсталација. Градежните активности се одвиваат според предвидениот динамички план, а до крајот на февруари салата ќе биде целосно завршена и ставена на користење на учениците.

-Ова е првпат населбата Пинтија да добие затворен спортски објект, што е од огромно значење за нашите деца. Со оваа инвестиција вложуваме во нивниот физички развој, спортски потенцијал и здрав живот. Рамномерниот развој на општината е наш приоритет, а преку изградба на спортска инфраструктура обезбедуваме подобри услови за учениците и младите. Оваа сала е дел од нашата визија за унапредување на животниот квалитет во Кисела Вода.

Подигнувањето на стандардите во образованието е столб на нашето работење, а тоа го докажуваме со бројни инвестиции во обнова на училишната инфраструктура, со посебен акцент на спортот. Не само во Пинтија, туку и во сите останати населби во општината, работиме на создавање на модерни и функционални училишни простори, со цел да обезбедиме подобри услови за образовниот процес и правилен развој на младите- изјави градоначалникот Ѓорѓиевски додавајќи дека Општина Кисела Вода и во претстојниот период ќе продолжи со реализација на проекти кои значат подобрување на условите за образование и спорт, следејќи ја визијата за создавање здрави генерации и подобар животен стандард за сите граѓани.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk