Home » Ѓорѓиевски или Перински? Кој ќе биде кандидат на ВМРО за градоначалник на Град Скопје

Ѓорѓиевски или Перински? Кој ќе биде кандидат на ВМРО за градоначалник на Град Скопје

by Журнал.мк

Покажавме во изминатите три години дека нема изговори, туку дека има решенија за проблемите и дека сум посветен на работата. Драго ми е што на анкетите добивам поддршка од сите скопјани и што граѓаните ме перцепираат како човек кој е спремен да се соочи и реши проблемите на главниот град, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски во денешното гостување на утринската програма „Ја сакам Македонија” на ТВ Сител.

-Доколку мојата политичка партија ме кандидира мене и ми даде поддршка, секако дека ќе го прифатам предизвикот. Кисела Вода немала градоначалник на Скопје и нема ништо да изгуби, напротив ќе добие како никогаш досега, а секако ќе добијат и сите останати општини и сите скопјани, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Треба јасна визија, долгорочен план за раст и развој на градот. Владината интервентна мерка за јавниот превоз е мерка за крахиран систем. Тоа е само залекување на рани. Немаме функционален систем, на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и за развој, вели министерот за локална самоуправа, Перински.

Министерот за локална самоуправа Златко Перински е заинтересиран да се кандидира за градоначалник на Скопје на следните локални избори кои треба да се одржат вгодина, но додава дека за тоа прво ќе одлучува партијата, а потоа граѓаните.

– Чест ми е што фигурира моето име. Почестен сум, иако моите обврски и енергијата во моментот се насочени кон извршување на министерската функција за којашто сум платен. Никој нема право да го монополизира изборот. Јас лично сум заинтересиран, но за тоа ќе одлучи партијата, па потоа граѓаните – рече Перински во вечерашното гостување на ТВ Алсат.

Министерот ја коментираше состојбата со јавниот превоз во главниот град и рече дека на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и развој.

– Актуелната состојба во јавниот превоз пред сè е крах, а не криза. Јавниот превоз е актуелна тема не само деновиве, туку во изминативе неколку години. Градоначалничката и раководството треба да се освестат час поскоро. Проблемите само се надополнуваат, не се решаваат. Нам ни треба системско решение. И проблемот не е само ЈСП. Не е проблемот на една основа, тој е на сите основи. Влегуваме во зимските месеци, знаеме дека ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег кој допрва доаѓа. Скопје во моментов се бори за живот, очајно му треба инфузија, а потоа терапија. Треба јасна визија, долгорочен план за раст и развој на градот. Владината интервентна мерка за јавниот превоз е мерка за крахиран систем. Тоа е само залекување на рани. Немаме функционален систем, на Скопје му е потребна долгорочна стратегија за раст и за развој – рече Перински.

Тој не смета дека предуслов за да функционира системот е сите да бидат од иста политичка гарнитура.

– Низ годиниве се покажа дека не е така. Арсовска сакајќи да биде жртва, нè направи нас жртви. Дури ни тоа не ја допира, не чувствува ни грам одговорност. За каква комуникација може да се зборува со човек кој што одбива да комуницира со сите? Не комуницира ниту со членовите на Советот, ниту со администрацијата, ниту пак со медиумите. Тоа кажува сѐ. Повеќе од 24 месеци не се појави на ниту една седница. Па како сакате кооперативност со советничките групи? Треба да покажеме широка визија, најнапред поради граѓаните – рече Перински.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk