14.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Ѓуровски: Ниту една партиска книшка не може да го замени индексот и универзитетската диплома

Најчитани вести

За да бидеш професор и дел од академската заедница, треба да имаш дигнитет, а не суета, а студентот интегритет. За да бидеш студент, треба индексот да ти е книшката што најмногу ја сакаш, а не членската од партија. Ниту една партиска книшка неможе да го замени Вашиот индекс, а утре да биде замена и за Вашата диплома, порача проректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“, професорот Марјан Ѓуровски, од свечениот академски час на Правниот факултет во Битола.

Според вториот човек на УКЛО, професор Ѓуровски, денес немањето на подмладок и асистенти на сите државни факултети го доведува во прашање нормалното функционирање на високото образование и изведувањето на практични вежби за студентите.

„Професорите вложуваат дополнителни напори, но веќе еднаш високото образование не смее да биде третирано како сирак во државата и да се гледа одвоено кон него, зошто промените само во основното и средното образование, чии реформи ги поздравуваме и се добри, но без сериозни вложувања во високото образование нема да ги дадат потребните ефекти во целост за целокупното македонско општество“, порача тој.

Ѓуровски искажа увреување дека овој алармантен проблем ќе биде надминат зошто, како што кажа, некои факултети во блиска иднина нема да можат во целост да ги реализираат акредитираните студиски програми односно, за жал, веќе одамна вежбите не се дел од редовните универзитетски активности.

Повик до студентите да се вакцинираат

„За да излеземе што побрзо од пандемијата со Ковид-19 секој од нас ќе треба да се вакцинира“, нагласи Ѓуровски.

Проректорот порача дека младите како студенти треба да веруваат во научните дострели, наместо во теории на заговор.

„Сакајќи да се заштитите себеси, но и своите блиски, родители, баби и дедовци потребно е да се вакцинирате доколку тоа досега не сте го направиле, само така заеднички ќе ја победиме пандемијата и сите заедно целосно ќе се вратите во предавалните и амфитеатрите. Само така ќе се вратиме на нормалното живеење“, напомена проректорот.

Борба против корупцијата на Универзитите

Од денешниот прв ден на новата академска година, Ѓуровски ја потенцираше заложбата за Универзитет без корупција како заедничка задача во високото образование, преку засилување на капацитетите на Универзитетот и студентските тела за имплементирање на Законот за заштита на укажувачите.

„Само преку стабилен правен систем ќе може да обезбедиме системско владење на правото на целата територија нма државата. Со заеднички сили треба да дојдеме до целта професиолен високо образуван кадар кој може да биде столб на правниот и политичкиот систем и процесот на професионализација, департизација и декриминализација на институциите кој се борат против организираниот криминал и корупција или се грижат за почитување на Уставот и примената на законите. Вие сте браникот, вие сте идниот чадор од правната несигурност во земјата која се провлекува цели три децении“, рече Ѓуровски.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com