0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Ѓукановиќ: Црна Гора од неодамна е во нова фаза на демократски развој

Најчитани вести

Нема стравувања за европската иднина на Црна Гора, изјави црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на синоќешниот прием по повод 13 јули – Денот на државноста.

Тој оцени дека ова е време на нови искуства за Црна Гора, која се најде среде многу сложени внатрешни, регионални и глобални процеси.

– И покрај сите предизвици, сигурен сум дека нема стравувања за нејзината европска иднина, рече Ѓукановиќ, додавајќи дека Црна Гора денес е „сигурен сосед, почитувана членка на НАТО и лидер во преговарачкиот процес за членство во ЕУ”.

Тој подвлече дека земјата „од неодамна е во нова фаза на демократски развој, по првата промена на владата по воведувањето на повеќепартиски систем”.

Ѓукановиќ оцени дека Црна Гора одамна го избрала својот европски пат, „од кој нема враќање назад”, без оглед на фактот што, како што рече, „и во Црна Гора и надвор од Црна Гора, има такви што би го сакале тоа”.

Според него, гаранција за тоа се слободата и антифашизмот како трајни вредности на големиот Тринаесетти јули. Тој рече дека Црна Гора годинава го слави Денот на државноста во знак на 80-годишнината од востанието на 13 јули 1941 година и потсети дека Црна Гора за првпат беше официјално признаена како независна држава на Берлинскиот конгрес на 13 јули, пред 143 години.

Така, според него, Црна Гора формално станала дел од цивилизацискиот круг на европските народи и држави, а на крајот на 19 век „стекнала репутација на држава во која се почитуваат правата и слободите на сите нејзини граѓани, особено на припадниците на малцинските народи”.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести