13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Ѓукановиќ за аферата „Пандора документи“: Ова е монтиран случај

Најчитани вести

Ниту јас ниту мојот син никогаш не сме направиле и сигурно нема да ѝ направиме никаква штета на Црна Гора, за разлика од оние што се обидуваат да започнат афера и да ме заковаат на столбот на срамот, вели црногорскиот претседател
Претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, тврди дека не направил ништо незаконски со тоа што основал компанија во странство во 2012 година, и го повика обвинителството да го испита целиот случај „Пандора документи“ во кои тој се споменува.

Ѓукановиќ, прашан од новинарите за време на Самитот во Брдо кај Крањ во врска со оваа афера, рече дека тој ги со години се борел за Црна Гора и дека не може никако да ѝ наштети на сопствената држава.

„Не би имал ништо ново да кажам на оваа тема во однос на она што го кажав на тимот истражувачки новинари, кои се занимаваа со оваа тема, и соопштението од мојот кабинет по оваа, уште една во низата монтирани афери“,

рече Ѓукановиќ.
Тој додаде дека не ги поврзувал своите правни дејствија со државните функции.

„Се однесувам како човек кој веќе го носи товарот на околностите дека со години извршувал одговорни државни функции и дека мора да ја заштити не само својата репутација, туку и авторитетот на функциите што ги извршувал и се уште ги извршува, како и угледот на државата што ја предводи“,

рече Ѓукановиќ.
Според него, регистрираната компанија за која станува збор не отворила ниту банкарска сметка и била затворена многу брзо по нејзиното формирање.

„Ниту јас ниту мојот син никогаш не сме направиле и сигурно нема да ѝ направиме никаква штета на државата Црна Гора, за разлика од оние што се обидуваат да започнат афера и кои без расправија се обидуваат да ме заковаат на столбот на срамот“,

рече Ѓукановиќ.
Аферата „Пандора документи“, која ја објави Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари (ИЦИЈ), открива како влијателни светски личности, сегашни и поранешни премиери, претседатели на држави, славни спортски личности и личности од шоу-бизнисот криеле милионски средства на сметки низ земјите кои се даночни раеви, најчесто на Британските Девствени Острови.

Тајните документи ги разоткриваат офшор-зделките на кралот на Јордан (Абдула Втори), претседателите на Украина (Владимир Зеленски), Кенија (Ухуру Кенијата) и Еквадор (Гиљермо Ласо), премиерот на Чешка (Андреј Бабиш) и поранешниот британски премиер Тони Блер. Во датотеките се наведени и финансиските активности на „неофицијалниот министер за пропаганда“ на рускиот претседател Владимир Путин, како и на повеќе од 130 милијардери од Русија, САД, Турција и други држави.

На ова новинарско истражување кое е најобемното досега работеле 600 новинари од целиот свет, а за две години имале за задача да прочешлаат речиси 12 милиони протечени документи. Истражувањето покажува финансиски тајни на 35 сегашни и поранешни светски лидери, повеќе од 300 политичари и функционери од 91 земја и територии.

Невладината организација МАНС во неделата објави дека Мило и Блажо Ѓукановиќ склучиле тајни договори за управување со нивниот имот во 2012 година, криејќи се зад комплицирана мрежа на поврзани компании од Велика Британија, Швајцарија, Британските Девствени Острови, Панама и Гибралтар.

Според МАНС, Блажо Ѓукановиќ, ја искористил таа структура за да формира две скриени компании со компании ќерки во Лондон и Црна Гора.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com