Home » Ѓорѓиевски за дојавите за бомби: Не може да се издржи овој притисок веќе, МВР да ги најде сторителите

Ѓорѓиевски за дојавите за бомби: Не може да се издржи овој притисок веќе, МВР да ги најде сторителите

by Журнал.мк

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски со апел до надлежните по новите дојави за бомби во училиштата низ скопските општини. 

-Ова е класична тортура врз учениците, наставниците и сите граѓани во Македонија. Во име на родителите барам да ставите крај на хаосот, порача тој. 

Неговата објава ви ја пренесуваме во целост: 

ЗЕЛС апелира и го повикува МВР да преземе сериозни чекори за пронаоѓање на испраќачите на маил пораки за поставени бомби низ училиштата во Скопје и другите градови.

Родителите повеќе не се должни и не можат да го издржат овој притисок кој секако е плод на неодговорно однесување на некои субјекти, но и е плод на неможноста на МВР да стави крај на оваа ерозија на системот!

 Ова не е ситуација која се случува од пред неколку дена туку со месеци и претставува тортура за граѓаните.

 Како претседател на ЗЕЛС го повикувам министерот Спасовски да ги заврши објаснувањата како не можат да ги најдат сторителите, бидејќи во системот и МВР и тој е поставен за министер токму да ги најде сторителите.

Не поминува повеќе никакво објаснување бидејќи резултати од ниедна истрага нема.

Ова е класична тортура на учениците, родителите, наставниците и на сите граѓани и мора да престане.

 Исто така, го повикувам Министерството за образование да најде начин наставата да продолжи и да се зафати сериозно со овој проблем бидејќи системот за онлајн настава не функционираше вчера, а не функцонира и денеска за некои училишта.

Ова е аматеризам на иниституциите што секојднево го гледаме и ни се случува.

Во име на родителите ве замолувам и барам да ставите крај на овој хаос! 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk