3.8 C
Skopje
Saturday, February 4, 2023

Ѓорчев: Фијаско на власта со пасошите, личните карти, регистрациите и со свидетелствата

Најчитани вести

Деновиве го гледаме огромното фијаско на оваа власт на Зоран Заев, на Мила Царовска и Оливер Спасовски, со тоа што за илјадници граѓани нема свидетелства, нема лични карти, нема пасоши, нема возачки дозволи, нема регистарски таблици, пунктовите за вакцинација веќе неколку дена наназад се затворени, рече на прес конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

– Основните работи во Македонија веќе не функционираат, за жал оваа политика на Зоран Заев на просење и питачење на буквално барање милостина за што било не доведе до тоа да државата не може да ги сервисира основните потреби на граѓаните. Внимавајте имаме ситуација во којашто заврши учебната година, децата се веќе на распуст а свидетелствата не се подигнати, им велат дека ќе бидат готови на 31-ви август, а дали ќе бидат и тогаш не знаеме со месеци нема пасоши, нема регистарски таблици, нема возачки дозволи, нема лични карти, граѓаните не можат да ги извршуваат своите основни потреби, тоа е нивото и тоа е реалноста за жал во којашто живееме – рече Ѓорчев.

Тој за вакцинацијата вели дека Македонија била меѓу последните во светот и последна во Европа којашто почна со вакцинација и дека имунизацијата се одвива исклучително споро, на намален број на пунктови.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести