17.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Ѓорчев: Заев и Филипче се одговорни за 3.000 изгубени животи од ковид-19

Најчитани вести

Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес конференција рече дека во изминатите недели и месеци во Македонија буквално се случува хуманитарна катастрофа.

Според него, Македонија со Зоран Заев и Венко Филипче, ја надмина бројката официјално од 3.000 мртви.

– Тоа е ужасна бројка, тоа е катастрофална бројка и тоа не се само бројки, туку се човечки судбини, тоа се живи души кои што го напуштиле овој свет, кој што заминале од нашите домови и улици, 3.000 кои што веќе ги нема. Македонија е најлоша на Балканот, најлоша во Европа, и најлоша на светот кога станува збор за починати од ковид-19. Ова е фијаско на државните институции, ова е катастрофа и дебакл. Одговорни се Зоран Заев, Венко Филипче и целата влада. Ако ги погледнеме бројките се доаѓа до едноставен заклучок каде што Македонија со 3.000 починати е најлоша на светот, затоа што кога се пресметува бројката на починати треба да се пресметува врз основа на реално резидентно население кое што живее во Македонија. Значи пресметката не треба да се прави врз основа на 2,1 милиони жители кои што ги имаме на хартија, а во реалноста ги немаме, туку треба да се прави на 1,7 милиони жители. Ако бројот на починатите го пресметуваме врз основа на 1,7 милиони жители колку што реално имаме во Македонија, тогаш Македонија според смртноста е најлоша и на Балканот, и во Европа и во светот – рече Ѓорчев.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести