15.8 C
Skopje
Saturday, October 1, 2022

Ѓоргиев: Можно е до петок да се усогласиме за цар Самоил и средновековниот период

Најчитани вести

Разликата од претходно во работата на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања е што работата се одвива во многу поконструктивна и позитивна атмосфера, што дава прогноза дека навистина брзо може да се дојде до усогласување и препораки за цар Самоил и за средновековниот период, вели Драги Ѓоргиев, копретседавач од македонска страна во македонско-бугарската комисија. Тој вели дека уште нема постигнат конкретен заклучок за чевствување на одредени историски личности, како што вчера во Софија најави бугарскиот премиер Кирил Петков, но, атмосферата во Комисијата наведува на оптимизам.

– Конструктивната атмосфера остава простор дека можеби ќе усогласиме заклучоци за средновековниот период и за цар Самоил на следната средба што ќе се одржи во живо овој четврток и петок во Скопје, кои потоа ќе бидат препорачана содржина за учебниците по историја. На дневен ред е и Гоце Делчев, за кој на минатата средба во февруари само ја почнавме малку дискусијата и сега ќе ја продолжиме. На дневен ред се и некои технички работи како усогласување на записниците од претходните средби – вели Ѓоргиев за „Слободен печат“.

Тој објаснува дека кога ќе ги усогласат заклучоците за цар Самоил и за средновековието, потоа треба да бидат усвоени од македонската и од бугарската влада, а кога ќе се прават нови учебници што ја покриваат оваа наставна материја, идните автори ќе треба да ги земат в предвид препораките и заклучоците од Владата и од Комисијата.

Бугарскиот премиер Кирил Петков вчера во Софија на заедничка прес-конференција со премиерите на Македонија, Црна Гора и Романија, Димитар Ковачевски, Здравко Кривокапиќ и Николае Чука рече дека од Историската комисија го известиле дека е постигнат напредок за важни историски личности на многу конструктивен и реалистичен начин кој отвара можност за надминување на разликите и за забрзување на преговорите меѓу Софија и Скопје.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com