10.2 C
Skopje
Monday, November 29, 2021

Ѓоко Танески има нова песна – ПОРАЗЛИЧНА, ЕМОТИВНА, ПРЕЈАКА!

Најчитани вести

„Една љубов имам“ е насловот на новата песна на охриѓанецот Ѓоко Танески. Станува збор за композиција на која како автори се потпишуваат Николче Мицески и самиот Ѓоко, чиј е текстот.

Песната е нешто што всушност внесува свежина во репертоарот на Ѓоко и е нешто сосема поразлично од се што сме чуле од него досега. Спотот, пак, е со потписот на Даниел Јовески и истиот е снимен во родниот Охрид на Ѓоко и изобилува со прекрасни пејзажи од градот под Самоиловите тврдини. 

„Задоволен сум од финалниот производ и искрено се надевам дека песната ќе и се допадне на мојата публика. Сакав да внесам малку свежина, да направам нешто малку поразлично, нешто ново“, вели Танески.  

Слушнете ја новата песна! Нам ни се допаѓа, и тоа многу!

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com