5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

Ѓоковиќ чека „медицински исклучок“ за да учествува на Индијан Велс

Најчитани вести

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој моментно е втор светски рекет, треба да настапи на АТП Мастерс 1000 турнирот во Индијан Велс. Тој е дел од ждребот за турнирот, но се уште чека да добие медицински исклучок за да може да влезе во Соединетите Американски Држави.

Ваква слична одисеја му се случуваше и во Австралија, а на крајот не настапи на гранслем турнирот и беше протеран од државата. Ова затоа што не е вакциниран против Ковид-19.

„Ѓоковиќ е на листата на тенисери и се наоѓа во ждребот. Во моментов сме во комуникација со неговиот тим. Сепак, и понатаму не знаеме дали ќе може да настапи бидејќи му е потребно одобрение за медицински исклучок за да добие можност за влез во државата“, велат од организацискиот одбор на турнирот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com