Home » Ѓоковиќ против Нори во лов на ново финале на Вимблдон

Ѓоковиќ против Нори во лов на ново финале на Вимблдон

by Журнал.мк

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска (16 часот) го игра 11-то полуфинале во Вимблдон во кариерата, а противник ќе му биде Британецот Камерон Нори.

Бранителот на титулата и шесткратен шампион на Вимблдон досега само еднаш има играно против Нори, на завршниот Мастерс што се играше минатата година и славеше 6:2,6:1.

Ѓоковиќ го започна својот 17. настап на Вимблдон со победата против Сунву Квон од Јужна Кореја (6:3,3:6,6:3 6:4), во второто коло беше подобар од Австралиецот Танасис Кокинакис (6:1, 6:4, 6:2), а во третиот меч го победи сонародникот Миомир Кецмановиќ (6:0,6:3,6:4). Во осминафналето го совлада Холанѓанецот Тим ​​ван Рајтховен со 6:2,4:6,6:1 6:2, додека во четвртфиналето по голема борба и пресврт го совлада Италијанецот Јаник Синер со 5:7 2:6,6:3,6:2,6:2.

Победата над Синер беше 26-та по ред за Ѓоковиќ на Вимблдон, каде што нема пораз од 2017 година.

Камерон Нори стигна до своето прво гренд слем полуфинале во кариерата откако ги победи Шпанците Пабло Андрујар (6:0,7:6,6:3) и Хаиме Мунар (6:4,3:6,5:7,6:0, 6:2), Американците Стив Џонсон (6:4,6:1,6:0) и Томи Пол (6:4,7:5 6:4).

Во четвртфиналето, Нори кој е 12-ти на АТП ранг-листата, беше подобар од Белгиецот Давид Гофан со 3:6,7:5,2:6,6:3,7:5.

Победникот од овој дуел за титулата на Вимблдон ќе се бори со Австралиецот Ник Киргиос, кој без борба се пласира во финалето откако Рафал Надал се повлече поради повреда на стомачните мускули.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More