Шумахер на „таен третман“ во париска болница

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Легендарниот Формула 1 пилот не е виден во јавноста од трагичната скијачка несреќа пред пет години. Францускиот печат известува дека тој сега ќе прима терапија со матични клетки од врвен кардиоваскуларен хирург.

Поранешниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер бил примен во париска болница на „таен третман“, тврди францускиот весник „Паризиен“. 50-годишната тркачка легенда доживеа тешки повреди на главата и мина повеќе месеци во кома по несреќа во француските Алпи во декември 2013 година.

Оттогаш не е виден во јавноста, а неговите пријатели велат дека не е способен да оди и да комуницира.
„Паризиен“ јавува дека врз Шумахер ќе биде извршена операција со матични клетки на кардиоваскуларната клиника во центарот „Жорж Помпиду“ од страна на францускиот хирург Филип Менаш.

Францускиот весник го опишува хирургот како „пионер во терапијата со матични клетки“.

Според „Паризиен“, Шумахер веќе на двапати добивал сличен третман со матични клетки во истата болница во изминативе години. Се очекува утре да биде отпуштен од болницата, а целта на третманот е да го намали мозочното воспаление.

Шумахер е најуспешниот пилот во Формула 1 со седум титули светски шампион и 91 победа во кариерата која траеше речиси 25 години.

Извор: DW.COM

Вебмастер

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.