11 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Шукова: Борбата против аерозагадувањето е на прав пат, СДСМ се грижи за граѓаните и животната средина

Најчитани вести

СДСМ како одговорна партија продолжува вистински да се грижи за граѓаните, рече на прес конференција, Каја Шукова, претседателка на Комисијата за животна средина и просторно планирање на СДСМ.

Како што ветивме, приоритет на Владата на Северна Република Македонија е подобрување на квалитетот на живот на граѓаните преку намалување на аерозагадувањето и подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух.

Игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ допринесе овој проблем да заземе сериозен размер, но со конкретни мерки и интензивна соработка на централната власт со локалната самоуправа решавањето на проблемот со аерозагадувањето е на прав пат.

Официјални информации ги потврдуваат заложбите на Владата предводена од СДСМ да го решава проблемот со загадениот воздух.

Во 2019 година реализирани се Јавни повици за:

• Замена на опрема на нееколошки системи за греење во домаќинства, градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти,во вредност од 64.000.000 ден

• Во 16 општини се подржаа проекти за енергетската ефикасност, во вредност од 26.000.000 денари

• Во 8 општини, вклучително и Градот Скопје се определени средства за нови површини со урбано зеленило во висина од 11.500.000 денари

• Пречистувачи за воздух во внатрешни простории во градинки, основни и средни училишта, здравствени објекти и административни објекти во најзагадените градови во РМ за 34 објекти и 2.500.000 ден

• Филтри во малите и средни претпријатија, дрвна индустрија, полошки регион во вредност од 2.500.000 ден

Владата предводена од СДСМ воведе нов пристап во борбата со аерозагадувањето, кој треба да обезбеди континуитет и транспарентна имплементација на мерки во повеќегодишен временски период, со точно определена динамика и во сите области кои се директно поврзани со загадувањето на воздухот.

СДСМ останува посветен да обезбеди квалитетна и здрава животна средина, да обезбеди услови за подобар живот на сите граѓани.

Како одговорна партија креираме и имплементираме политики и мерки кои го подобруваат системот на функционирање, борбата против аерозагадувањето продолжува, тоа е доказ дека сме на прав пат!, рече Шукова.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести