1 C
Skopje
Saturday, January 16, 2021

Штутгарт го отпушти тренерот Волтер

Најчитани вести

Клубот што го дели второто место со Хамбург во втората Бундеслига, Штутгарт, му додели отказ на тренерот Тим Волтер.

После 18 кола Штутгарт заостанува само три бода зад лидерот Арминија. Тимот има девет победи, четири нерешени и пет загубени средби. Овој биланс се покажа недоволен да го убеди раководството на Штутгарт да го остави и понатаму Волтер на тренерската функција.

На последните два меча Штутгарт одигра без победник и освои само два бода од можните шест.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести