Приватните матичните лекари повторно на протест – денеска нема да издаваат рецепти, ниту ќе го користат системот Мој Термин, соопштија од Здржението на приватни матични лекари. Во преговорите со Министерството за здравство ниту едно барање на лекарите, специјалистите, лаборантите не било прифатено. Затоа, денеска ќе примаат само итни случаи.
Претходниот протест траеше само неколку часа, откако лекарите добија ветувања дека во наредните недели ќе се дојде до договор.
Барањата на матичните лекари се покачување на капитациониот бод барем на 75 денари од ветените 95 за да можат да се справат со сите покачени трошоци, бараат укинување на казните за пропишување лекови по истечен извештај од специјалист и менување на правилниците за работа, а на листата додадоа и да не се бара акредитација на амбулантите оти веќе биле акредитирани од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, од Министерство за здравство, од Лекарска комора и од Фондот за здравство и да не се врши никаква активност за Агенцијата за заштита на лични податоци од каде им побарале по 15.000 денари за да ги обучат како да ги чуваат здравствените картони.