9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

„Што ќе бидам кога ќе пораснам?“ – најнова персонализирана книга на „Кидлинг“

Најчитани вести

Во најновата персонализирана книга со наслов „Што ќе бидам кога ќе пораснам?“, детето е претставено во различни сценарија и професии кои првпат досега читателите можат самите да ги одберат.

„Од оваа приказна дечињата ќе научат дека со труд, учење и желба, секое дете може да биде баш сѐ што ќе посака! Интересно е тоа што илустратор на оваа книга е младата сликарка Наталија која има само 11 години“, информираат од „Кидлинг“.

Според „Кидлинг“, персонализираните книги се еден начин да се инспирира љубов кон читањето кај децата. Роденденска книга, каде малите славеници одат во авантура во која пронаоѓаат роденденски желби, приказна за децата кои го менуваат светот со помош на добрината, боенка за шарената азбука во која низ игра се учат буквите“, се само дел од персоналзираните содржини на „Кидлинг“.

„Моментот на персонализација ги прави позаинтересирани за приказната и порецептивни на поуките од неа. Мисијата на „Кидлинг“ е да им покаже на децата дека тие се хероите во својата приказна. Една од пораките кои се провлекуваат низ повеќето содржини е дека со труд, верба и мечтаење – може да се оствари секоја цел’, велат издавачите.

Книгите се креираат онлајн на веб страницата на Кидлинг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести