-1.2 C
Skopje
Wednesday, December 1, 2021

Што треба да направи Мицкоски за да го придобие Љубчо Георгиевски на своја страна

Најчитани вести

Поделбите во десницата на Македонската политичка сцена, траат уште од формирањето на независната Македонска држава во деведесеттите години од минатиот век. Уште од самото формирање, ВМРО-ДПМНЕ се соочи со внатрешни сили кои предизвикаа отцепување на дел од членството. На почетокот, иницијатор за тоа беше тогаш високиот функционер на партијата, Владимир Голубовски.

Подоцна се случи судирот во партијата меѓу Доста Димовска и Борис Змејковски, при што тогашниот лидер Георгиевски застана зад Димовска, а Змејковски беше дистанциран од партијата.

Во 1999 година, кога партијата беше на власт, Змејковски со тогаш сменетиот министер за финансии, Борис Стојменов, ја формираа ВМРО-ВМРО и придојбија шест пратеници од владеачкото мнозинство. Влегоа во коалиција со Бранко Црвенковски со цел рушење на владата, но тој обид пропадна.

Во 2004 година, по повлекувањето на Георгиевски од челната позиција во партијата и назначувањето на Груевски за лидер, се случи најголемата поделба во партијата. Љубчо Георгиевски под влијание на некои тогашни но и сегашни финкционери на партијата ја оформи ВМРО-Народна и се случи поделба на членството на два дела.

На локалните избори потоа, двете партии освоија приближно ист број гласови, сепак ДПМНЕ беше во предност и освои повеќе градоначалници и советници. Тоа како да беше сигнал за оние кои постојано се ,,шалтаат” од еден во друг табор, желни за функции, па се приклонија кон Груевски и Народна остана да ,,живурка” до денешен ден со поддршка помеѓу 20 и 50 илјади гласови.

Сепак, овие гласови од десниот корпус, можат да бидат да бидат мошне важни на следните избори, на кои ВМРО-ДПМНЕ претендира да ја врати власта.

Христијан Мицкоски во изминатата година имаше неколку обиди за приближување со Георгиевски, но тие останаат безуспешни, се чини, поради една причина. Блискоста на Мицкоски со претходниот лидер Груевски.

Никола Груевски важи за исклучително суетен човек, кој на оние кои одлучија да му останат верни на Георгиевски, не само што не им помогна дури беше на власт, туку многу од нив беа и избркани од работа.

Од таборот на Георгиевски, Груевски беше обвинуван дека скршнал од принципите на десницата и раководството на партијата го наполнил со поранешни кадри на СДСМ, а старите ВМРОвци ги маргинализирал.

Со оглед на сите околности, се чини, едиснтвен начин Мицкоски да успее да ја обедини десницата е да се дистанцира од политиките на Груевски, но не само декларативно, туку и суштински.

На почетокот од мандатот на Мицкоски, Георгиевски изјави дека треба да му се даде шанса на Христијан. Мицкоски може да биде нова ѕвезда на македонската политичка сцена, но дали тоа ќе се оствари, ќе зависи исклучително од неговите проценки и потези.

IZVOR: balkank.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com