6 C
Skopje
Monday, May 10, 2021

Што се фамозните имиџ права поради кои пропадна трансферот на Дибала во Тотнем

Најчитани вести

Пауло Дибала десетина дена беше во фокусот откако Манчестер јунајтед и Тотнем се обидоа да го ангажираат, но пропаднаа и двете можности за преселба во Премиерлигата.

Јувентус го стави на продажба Аргентинецот, тој најпрво беше понуден на Манчестер јунајтед како дел од спектакуларна трампа со Ромелу Лукаку, а потоа беше прифатена и понуда од Тотнем вредна 70 милиони евра.

Но и двете можности за трансфер во Премиерлигата пропаднаа. Имаше многу гласини која е причината, се набројуваа високите барања за плата од околу 10 милиони евра, како и барањата на агентот за провизија од 15 милиони евра. Исто така, постојано се говореше и за проблем со имиџ правата, и ова беше најкомплексниот дел од зделката.

Имиџ правата се всушност пари кои му се плаќаат на фудбалерот кога неговиот лик се користи за комерцијални цели, на пример за реклама. Најчесто се исплаќаат преку компанија која тој си ја основа. Тој може да добие пари од личните спонозрои, но и од клубот за кој настапува, кој генерира приход од тоа шо го користи неговиот лик.

Оние попознатите фудбалери, можат да остварат големи примања од имиџ правата. На пример, од документите кои се дојде преку „Фудбал ликс“ се гледа дека Барселона на Лео Меси за една година му плаќа 71 милион евра (бруто), и дури 15% од оваа сума се за имиџ права, што е околу 10 милиони евра.

Во случајот на Пауло Дибала, Аргентинецот во 2016 ги продава своите имиџ права на компанијата Стар Имиџ, која е основана во Малта. 12 месеци подоцна, напаѓачот еднострано го раскинува овој договор бидејќи смета дека условите од истиот биле лоши. Па поднесена е тужба против него и на има на оштета и камати се бараат 40 милиони евра.

Сега кога тој требаше да направи трансфер во Манчестер јунајтед и Тотнем, компанијата Стар Имиџ бараше сума од околу 15 милиони евра за да се повлече од спорт и да им дозволи на клубовите слободно да го користат ликот на фудбалерот за комерцијални цели без да им се заканува тужба. Секако, ниту „ѓаволите“ ниту пак „спарси“ не сакаа да платат толку многу. Од друга стран пак, имиџ правата им се многу важни на клубовите бидејќи ги користат за да го прошират своето портфолио на спонзори и да ги зголемат приходите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести