2.8 C
Skopje
Tuesday, December 7, 2021

Што се случува кога настинка ќе ве нападне пред корона, и што се случува ако заболите од обата вируси истовремено?

Најчитани вести

Вирусот што предизвикува настинка може ефикасно да спречи корона вирус да влезе во организмот, велат истражувачите од Универзитетот во Глазгов.

Познато е дека вирусите „се натпреваруваат“ во тоа кој ќе предизвика инфекција, а научниците од споменатиот универзитет веруваат дека риновирусот што предизвикува настинка го победува корона вирусот, пренесува BBC.

Придобивките од ова се краткотрајни, но од друга страна, риновирусот е толку распространет што сигурно може да помогне во контролата на ковид 19.

Замислете ги клетките во носот, грлото и белите дробови како да се низа куќи. Штом вирусот влезе, тој може или да ја задржи вратата отворена за да дозволи други вируси или може да го задржи својот нов дом за себе. Грипот е еден од „најсебичните“ вируси во светот и скоро секогаш е присутен сам. Од друга страна, аденовирусите, на пример, сакаат да ја делат „куќата“ (човечки клетки) со други вируси. Постојат шпекулации за тоа како се однесувал вирусот што предизвикува ковид, исто така познат како Sars-CoV-2, во таа интеракција со други вируси. Она што е предизвик за научниците е тие во годината во која одржуваме физичко растојание, што го забави ширењето на сите други вируси, воопшто да го проучат ова.

Резултатите се мошне интересни. Ако обата вируса се “пуштат” истовремено, само рино вирусот успева да влезе. Во случај кога овој вирус е пуштен 24 часа порано од  Sars-CoV-2, корона вирусот немал никакви шанси. Дури и во случај кога Sars-CoV-2 имал предност од 24 часа, кога ќе се појавел рино вирусот го бркал “сопарникот”.

“Sars-CoV-2 не може да земе залет бидејќи е инхибиран од рино вирусот. Ова е возбудливо бидејќи ако има висока распространетост на рино вирусот, тоа може да спречи нови инфекции со корона”, истакна доктор Пабло Мурсија, еден од авторите на студијата за BBC.

Слични ефекти се забележани и порано – големата распространетост на рино вирусот ја одложи пандемијата на свинскиот грип во 2009 година во некои делои од Европа.

Понатамошните експерименти покажаа дека риновирусот предизвикува имунолошки одговор во заразените клетки, блокирајќи ја можноста на Sars-CoV-2 да се реплицира. Кога научниците го блокираа имунолошкиот одговор, тогаш присуството на ковид беше исто како и риновирусот да не е таму.

Меѓутоа, ковид може да предизвика инфекција повторно кога ќе помине нсатинката и имунолошкиот одговор ќе се смири.

„Вакцинацијата, плус превентивните мерки, плус интеракциите помеѓу вирусите, може значително да ја намалат зачестеноста на корона вирусот, но сепак се очекува максимален ефект од вакцинацијата“, заклучи д-р Мурсија.

Д-р Лоренс Јанг од медицинското училиште Ворвик истакна дека риновирусите се „екстремно преносливи“, коментирајќи дека оваа студија сугерира како толку честа инфекција може да влијае на пандемијата на корона вирусите, особено за време на есенските и зимските месеци кога сезонските настинки се чести.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com