-5.2 C
Skopje
Monday, January 24, 2022

Што се случува во телото ако секој ден земате витамин Ц?

Најчитани вести

Според д-р Дарен Маринис, овој витамин е есенцијален додаток на секојдневната исхрана, па многу е важно да се знае како влијае на телото.

„Витаминот Ц не се произведува во организмот, затоа е важно и потребно да го внесувате преку храна“, вели тој.

Витамин Ц има во цитрусните овошја и во зеленчукот, но сепак некои луѓе сакаат да го внесуваат и преку суплементи.

Недостигот на витамин Ц може да предизвика бројни здравствени проблеми, меѓу најчестите симптоми се губење на тежина, умор, воспалени непца кои крвават, рани кои не зараснуваат, настинка по настинка и слично.

„Витаминот Ц е есенцијална компонента на сврзното ткиво и игра голема улога во неговото закрепнување“, вели Маринис.

Антиоксидансите може да спречат оштетување на клетките, а со самото тоа делуваат добро на здравјето кога станува збор за оксидативен стрес. Витаминот Ц е потребен за биосинтеза на колагенот, затоа се наоѓа во толку многу козметички производи.

Постојат докази дека го штити и срцето од заболувања, а една од најголемите студии во кои учествуваа 85.000 жени, покажа дека внесувањето на овој витамин преку намирници и суплементи го намалува ризикот од коронарни болести.

Постојат и докази кои укажуваат дека витаминот Ц може да превенира болести поврзани со стареењето, макуларна дегенерација и катаракта, два водечки фактори за губење на видот.

Помага за подобар имунитет, но некои експерти сметаат дека не спречува настинки. Може да го скрати траењето на настинката и може да смири вообичаени симптоми кај општата популација.

Иако не е токсичен ниту ќе предизвика тешки последици ако се зеде во поголеми дози, може да биде одговорен за проблеми како дијареја, мачнини и грчеви во стомакот.

Постојат и некои докази кои упатуваат на тоа дека високите дози витамин Ц може да поттикнат одредени реакции кои предизвикуваат создавање на камен во бубрегот.

Витаминот Ц придонесува за апсорпција на железото, една студија покажа дека само 100 мг витамин Ц може да поттикнат подобра апсорпција на железо во крвта. Со оглед на здравствените придобивки, секојдневно консумирајте храна како пиперки, портокали, ананас, лимон, јагоди, брокула, зелје, карфиол, киви и магданос. Особено внимание обрнете на начинот на подготовка бидејќи термичката обработка на храната целосно го уништува витаминот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com