7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Што претставува хијалуронот?

Најчитани вести

Хијалуронската киселина е една од најистражените и една од најексплоатираните супстанци која има широка употреба во медицината и козметиката и е популарна поради подмладувањето и разубавувањето. Хијалуронот е најхидрофилен молекул во телото на човекот и може да се опише како природно средство за хидратација. Хијалуронот може да се нарече и фонтана на младоста. Младата кожа има голема концентрација на хијалуронска киселина, но со годините организмот го губи хијалуронот и се смалува еластичноста и хидратацијата и кожата почнува видно да старее.

Кој е методот на работа со хијалурон пен?

Безболна метода за добивање волумен без употреба на игла.
Метода со помош на апарат кој работи врз база на притисок од 6,5 бари и го внесува хијалуронот со брзина од 220 м/с таму каде што е потребно. Болката е сведена на минимум и се добива многу природен изглед, посебно во пополнувањето на усните. Нема грануломи, се добива природен и свеж изглед со поголем волумен.

Која му е примената?


Може да се пополнат подлабоките бори и да се изработи мезотерапија каде што хијалуронот останува подолго и видно го освежува лицето. Делува регенерирачки на кожата, се хидрира, се потхранува, се измазнуваат брчките, се затегнува и подмладува и кожата добива чистина и сјај. Се применува на чело, назолабијални бори, бори околу очите, врат, деколте и зголемување на волуменот на устата.

Благодарение на овој третман, хијалуронот може да се нанесе совршено рамномерно. Резулатот е видлив веднаш по третманот. Посебно важно е тоа што за време на апликацијата самиот процес поттикнува создавање на нов колаген. За 30-45 минути колку што трае третманот ќе стигнете до посакуваните резултати, а веднаш потоа можете да продолжите со вашите активности. Во зависност од повеќе фактори, ефектот од третманот, ќе биде видлив до 6 месеци. Со Hyaluron Pen можете да добиете природен изглед, со неинванзивна техника. Годините се „бришат“ а вие се подмладувате безболно, за кусо време и без белези.

Индикации на Хијалурон Пен:
*ја зголемува хидратацијата на кожата
*лесно продира
*помага при заздравување на капиларите
*ја регенерира и обновува кожата
*делува на кожата како антиоксиданс
*го намалува воспалението
*има бактериостатичен ефект
*има високо-еластично дејство
*и е биокомпатибилен


Filer Pen

*Со помош на овој апарат може да се внесе и филер, да се постигнат посакуваните резултати, а во зависност од филерот, ефектите од третманот ќе бидат видливи од 6 до 8 месеци.

Suzana Blazevska- Kozmetolog

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com