28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Што не треба да правите веднаш по будењето: Кафе на празен стомак? Лоша идеја

Најчитани вести

На телото му треба време да се разбуди, што значи дека некои работи не треба да се прават веднаш по будењето, тврди Миријам Стопард, позната британска лекарка, тв водителка и колумнист.

Како што советува таа, откако ќе се разбудиме од сон не треба да вежбаме, бидејќи телото е дехидрирано и нашето ткиво нема правилно да се истегнува. Мускулите се вкочанети, а интервертебралните дискови не се доволно опуштени, па ако не бидете внимателни, може да се повредите.

Сокот од портокал исто така е на списокот на непожелни работи по будењето, бидејќи, како што вели д-р Стопард, тоа прави повеќе штета отколку добро. Имено, сокот од портокал само го преоптоварува метаболизмот и го зголемува нивото на шеќер во крвта. Ова е затоа што метаболизмот, кој го регулира инсулинот, по будењето сè уште не е целосно функционален.

Кафе на празен желудник? Навистина лоша идеја!

Таа исто така советува да се избегнува кафе, бидејќи една шолја кафе на празен стомак всушност ја намалува способноста на метаболизмот да го контролира шеќерот во крвта, но исто така дава и чувство на ситост поради што не јадеме доволно хранливи материи за појадок.

pixabay

Истражувачите од Универзитетот во Бат веруваат дека оваа нова информација за кафето може да укаже на долгорочни здравствени проблеми. Имено, во своето истражување, откриле дека кафето, кога се пие пред појадок, ја намалува контролата на шеќерот во крвта за околу 50%. Затоа е важно секогаш да јадете нешто пред да посегнете по кафе, предупредуваат истражувачите.

Д-р Стопард препорачува појадокот да биде мал, но хранлив како овесна каша, јогурт или авокадо тост.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести