22.8 C
Skopje
Wednesday, August 4, 2021

Што му порачал Гренел на Вучиќ – претседателот ги водел белешките од разговорот

Најчитани вести

Советничката на претседателот на Србија Александар Вучиќ за српските медиуми изјавила дека средбата меѓу Вучиќ и специјалниот пратеник на американскиот претседател, Ричард Гренел бил многу тежок, без притоа да соопшти детали.

Советничката Сузана Васиљевиќ рекла дека Вучиќ и Гренел првите 10 минути разговарале сами, по што им се приклучил шефот на Канцеларијата за Косово Марко Ѓуриќ.

– Она што беше чудно е дека за првпат претседателот сам ја пишуваше белешката од состанокот, бидејќи разговорот очигледно бил доста тежок и тој вчера немаше волја за тоа да разговара со никој од нас, рекла Васиљевиќ за тамошните медиуми.

Таа исто така укажала дека често се случува состаноците на тема Косово да бидат тешки, но никогаш до таа мерка, претседателот да не сака да разговара со своите соработници за тоа и да бара време да размисли на кој начин да соопшти што слушнал од Гренел.

По состанокот, во соопштението од Кабинетот на Вучиќ е наведено дека српскиот претседател дека компромисно решение во интерес на стабилноста и иднината на целиот регион би можело да биде постигнато со уважување на легитимните интереси на Србија, на што Гренел порачал дека двете страни ќе мора тесно и брзо да соработуваат, гледајќи кон иднината“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести