3.8 C
Skopje
Tuesday, November 30, 2021

Што да правите 40 дена откако ќе прележите корона?

Најчитани вести

Замор, малаксаност и неправилно чукање на срцето често се придружни симптоми кои траат околу еден месец откако тестот ќе покаже дека сте негативни на коронавирус.

Иако вирусот првенствено ги напаѓа белите дробови, COVID-19 е системска болест која ги напаѓа сите органи. На удар е и срцето, па важно е да ги слушате советите на лекарот и одреден период да земате лекови на база на ацетилсалицилна киселина, кои ќе ви помогнат да ги надминете тешкотиите.

Проф. Д-р Предраг Митровиќ, кардиолог во Ургентниот центар на Србија, вели дека земањето ацетилсалицилна киселина се препорачува после прележување корона, без разлика дали клиничката слика била потешка или полесна.

„Се препорачува ацетилсалицилна киселина бидејќи спречува репликација на вирусот во акутната фаза, како и формирање на тромби, или каква било тромбоза, но и ги намалува воспалителните процеси доколку ги има. Овие лекови се корисни во акутната фаза, но и во продолженото лекување бидејќи спречуваат одново формирање тромби или по прележани компликации од вирусот, кога станува збор за тромбоза. По прележана корона, се светува да се примаат овие лекови, без разлика дали пациентот имал тешка или блага форма на корона. Во поглед на периодот, според некои студии се советува да се земаат по минимум 40 дена, според други три месеци, а некои студии велат и до шест месеци“, изјави професорот Митровиќ за Blic.

Како што објаснува кардиологот, возраста не е важна, секој кој знае дека нема контраиндикации за лекот треба да земе ацетилсалицилна киселина по прележување корона.

„Во принцип годините не се никакво ограничување, има разлика во метаболизмот во однос на возраста и во брзината на формирање на тромби, како и во степенот на воспалителниот процес. Во секој случај се препорачува на секој кој може и нема некакви контраиндикации“, објаснува тој.

Коронавирусот ги напаѓа сите органи

Она што е веќе познато досега, вирусот првенствено ги напаѓа белите дробови, а потоа и сите други органи.

„Сега знаеме дека вирусот ги напаѓа не само белите дробови, туку и сите органи и затоа може да има некои мали воспалителни процеси во нервното ткиво и срцевиот мускул. Понатаму, може да има воспаление на бубрезите и црниот дроб… Значи, вирусот ги напаѓа сите наши органи“, објаснува професорот Митровиќ.

Во зависност од клиничката слика, како што објаснува кардиологот, некои воспаленија се поизразени, некои се послаби, некои од овие воспаленија не ги чувствуваме, за разлика од пневмонијата која е очигледна и дава специфични симптоми.

„Има воспаленија кои тлеат, а ние не ги чувствуваме, затоа е многу важно после ковид, без разлика дали сме биле дома или во болница, да одмориме 40 дена. Не треба да се заморуваме, не смее никаква претерана физичка активност. Ако се чувствувате уморно треба веднаш да седнете, да се одморите, без никакво форсирање и желба брзо да се вратите во состојбата што ја имавте пред инфекцијата, треба да помине време. Се советува минимум 40 дена, до три месеци мирување за да не се распламтат тие ситни воспаленија, доколку ги има“, додава професорот Митровиќ.

Нарушување на срцевиот ритам

Кога станува збор за срцето, за време на корона и после болеста најчесто се јавуваат нарушувања на срцевиот ритам, но и воспалителни процеси. Со аритмии, забрзано чукање на срцето, тахикардија…

„Кога ќе се појави нешто такво веднаш треба да се јавите на лекар, за да дознаете за што точно се работи. Друго што може да се појави е воспаление на срцевиот мускул, миокардитис, потоа воспаление на перикардот, срцевите ткива, затоа е потребно да се внимава на сето тоа и навреме да се јавите на лекар. По прележувањето ковид се јавува и омалаксаност, но доколку состојбата или срцевиот ритам се влоши веднаш контактирајте го вашиот кардиолог за да добиете соодветна терапија“, вели проф. д-р Митровиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com