-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Штипјанецот кој ја избоде сопругата заврши во притвор

Најчитани вести

Штипјанецот Е.А. која вчера ја прободе 17 годишната сопруга е во притвор, и е осомничен за обид за убиство.

Oсновното јавно обвинителство Велес донесе наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 19 години од Штип за кривично дело – убиство во обид при вршење на семејно насилство. Велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

На 13 јули попладнето осомничениот дошол во Велес заедно со својата вонбрачна сопруга во куќа на ул. „Нада Бутникошарева“ во која живеел под кирија. Помеѓу нив настанала вербална расправија, при што осомничениот со нож на преклопување ја прободел оштетената три пати и тоа во десната страна на слабината, десното колено и левата потколеница, нанесувајќи и на тој начин телесни повреди, по што заминал од куќата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести