8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Штипски бизнисмен им ја предаде конфекцијата на работниците

Најчитани вести

Познатата штипска конфекција „Вабо“ од Нова година ќе премине во рацете на работниците, а во нивно име со компанијата ќе раководат Тања Николова, дипломиран технолог со долгогодишен работен стаж во конфекцијата и Дарко Роглев, референт по извоз, пишува порталот Исток Прес.

-Вчера имавме собир на работниците на кои ја објавив мојата одлука, а на кој собир ги претставив Николова и Роглев. Всушност на работниците им ја дадов на користење фабриката со целата опрема во неа при што во првата година нема да плаќаат никаков надомест за тоа, а од втората година, само под услов фабриката да работи со добивка, во што не се сомневам, ќе плаќаат минимална кирија за 1.250 метри квадратни производен простор колку што има конфекцијата, ни изјави Ване Богдов кој пред 25 години ја започна успешната приказна во животот и во развојот на конфекцијата „Вабо“.

Исток Прес појаснува дека Богдов фабриката не им ја дава во сопственост на работниците, туку им ја предава на користење. Бизнисменот објаснува зошто се одлучил на ваков, за наши услов и прилики невообичаен потег.

„Во оваа индустриска гранка сум цели 32 години. Почувствував дека кај мене го снемува мотивот за работа, а бидејќи моите две деца не сакаат да се занимаваат со конфекциско производство, воден од примарната цел нашите 130 работници да можат да работат и да остваруваат пристојна плата, се одлучив на ваков чекор. Убеден сум дека работниците и новите раководители, во новонастанатиот амбиен ќе донесат нова енергија и за првите 3-6 месеци (март-јуни 2022 година) ќе го зголемат производството за најмалку пет проценти што, секако, ќе се одрази и на нивните плати, појаснува Богдов.

-Јас им ветив дека со своите врски со деловниот свет во државите од Западна Европа со кои соработувам цели 25 години, без никаков надомест за себе, ќе им обезбедувам работа на еден подолг временски рок. Јас сум им гарант дека тие редовно ќе земаат плата зашто работа има за многу идни години. Важен е и фактот дека тие нема да имаат режиски работници, вели Ване Богдов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com