Поројните врнежи од дожд, а потоа и високите температури предизвикаа штети на земјоделските култури. Состојбата кај дел од земјоделците во кумановското село Пчиња, е загрижувачка. Насадите се во лоша состојбата. Педесет и осумгодишниот Стое Цветковски кој од рана возраст се занимава со производство на градинарски култури, вели не помни ваква година. Раскажува поради врнежите во мај имале проблем со расадот. Пласман имаме, цената на пиперките е добра, но производството е лошо, појаснува тој.
„Овој крај знаеше да произведува над 200-300 тони со кој го снабдувавме пазарот во нашата земја и соседно Косово. Сега сме катастрофално. Делуваат исушено со расадот згрешивме не можеше што и да направиш растението добива шок. Во мај имаше дождови, потоа беше претопло над 40 степени“, истакна тој.Во минатото Цветковски се занимавал и со производство на домати, но поради лошите години вели планира целосно да се повлече. Ќе се насочи на производство на млеко. Но и таму вели цената е загрижувачка.„Имаме над 10 крави, засега пласманот е добар, но цената одвај достигна до 30 денари, а готовите производи млекото, сирењето се многу високи цените. Сепак производство на храна треба да има и да се живее, а како ќе успееме во тоа самите се прашуваме“, вели тој.Во кумановско Пчиња жителите веќе се насочиле на производство на житни култури. Велат лани биле задоволни од цената која се движела до 19 денари. Но годинава со само девет денари, појаснуваат нема да ги покријат ниту средствата коишто ги вложиле.