7.4 C
Skopje
Tuesday, January 26, 2021

Штерјев: Има опција за поставување на в.д. шеф на СЈО

Најчитани вести

Има законска опција за поставување вршител на должност шеф на Специјалното јавно обвинителство, доколку отпочнатата постапка за разрешување на Катиц Јанева продолжи со предлог за разрешување од Собранието и заврши со финална одлука на Советот. Ова денеска го повтори претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, кој сепак потенцира дека предуслов за тоа е Јанева да биде разрешена.

„Останувам на ставот што веќе го соопштив – има опција за именување в.д., ако се разреши Јанева. Во член 18, став 4, од Законот за јавното обвинителство, кој беше применет кога беше поставен в.д. во државното обвинителство, по разрешувањето на Марко Зврлевски, тоа е прецизно кажано. Но, засега немаме таква ситуација, не е разрешена Јанева“, рече Штерјев.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести