15 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Штама во македонската дипломатија и владата за анексот на Договорот со Бугарија најавен од Каракачанов

Најчитани вести

И во неделата македонската Влдада и нејзиното Министерство за надворешни работи нема прецизен одговор на тврдењета кои во саботата ги искаќа бугарскиот вицепрениерт Красимир Каракачанов за постоење на Анекс од 12 точки на Договорот со Бугарија, кои Македонија мора да ги прифати доколку сака да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија.

Во кусото денешно соопштение од македонската дипломатија нема ниту збор за оваа тема. Се наведува само дека „има редовна комуникација“ меѓу двете страни и „континуирана размена на мислења и на идеи“.

Изоставени се, исто така, и какви и да се информации за патувањето на специјалниот претставник на владата Владо Бучковски, неделава во Софија, за што македонската јавност исто така дозна од телевизиското интервју на Каракачанов.

Во соопштението се вели дека улогата на Бучковски е „редовно да патува за Бугарија со цел следење на Акцискиот план и очекувано во наредниот период често да патува на релација Скопје – Софија“.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, пак, претходно седмицата остварил комуникација со бугарската колешка по должност Екатерина Захариева, и било договорено, претстојните денови да се разменат предлози од двете страни за Акцискиот план.

За разлика од македонската дипломатија, Каракачанов во споменатото интервју бепе многу конкретен и прецизен. Тој тврди дека Бучковски веќе во вторник или среда ќе допатува во Софија, но предупреди дека позицијата на Бугарија нема да биде променета и по оваа средба, напротив, ќе биде зајакната.

Бугарскиот вицепреиер многу прецизно им порача на македонските политичари да не очекуваат надворешни притисоци врз Софија или, пак, дека нешто би променило по пролетните бугарски парламентарни избори, посочувајќи дека бугарските политичари на темата Македонија се согласуваат 95 отсто.

„Бугарија не е земја каде што странските амбасади го пишуваат Уставот, законите и некој друг ги одредува нашето знаме и име. Мислеа дека ЕУ е нешто како поранешна Југославија, каде што има голем шеф со голем морков, кој поминува покрај друг морков и го удира со стап по главата. Помислија дека, откако ќе претседава најмоќната економска држава во моментот, Меркел ќе не` победи Борисов, мене и Захариева и ние ќе клечиме. Се обидов да ги убедам, но тие не ме разбраа. Сега ќе чекаат долго!“, рече Каракачанов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести