21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Шпан: Епидемиолошките мерки можат да бидат укинати пред пролетта

Најчитани вести

– Епидемиолошките мерки можат да бидат укинати пред пролетта доколку бројот на заразени лица во Германија продолжи да опаѓа, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан во интервју за медиумската групација Функе.

„Нема да можеме да останеме под строга блокада цела зима. Нашето општество тоа не може да го толерира“, нагласи Шпан.

Во Германија, делумното заклучување е на сила од ноември, кога баровите, рестораните беа затворени и културните и спортските настани беа откажани.

Училиштата и продавниците што не продаваат основни потреби се наоѓаат на ограничувачката листа од средината на декември, а во јануари, кога се појави страв од новите мутации на Ковид-19, беа донесени построги одлуки за носење маски и работа од дома.

Од почетокот на годината, бројот на лица заразени со коронавирусот и пациентите кои се лекуваат на интензивна нега од ден на ден се намалува, а Шпан смета дека тој тренд е „охрабрувачки“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести