30.8 C
Skopje
Sunday, July 25, 2021

Шпанците ја отстранија последната статуа на Франко

Најчитани вести

Последната статуа на поранешниот шпански диктатор Франсиско Франко е отстранета вчера од градските порти на Малиља, шпанската енклава во Мароко.

Работници со багери и тешки дупчалки ја урнаа и платформата на која се наоѓаше споменикот.

Статуата, која беше поставена три години по смртта на Франко (1892-1975), ја истакнуваше неговата улога како командант на Шпанската легија во Римската војна – конфликтот меѓу Шпанија и Франција со племињата Бербери во Мароко во 20-те години на минатиот век.

– Ова е историски ден за Малиља, истакна Елена Фернандес Тревино, задолжена за образование и култура во енклавата, каде локалното Собрание го изгласа отстранувањето на споменикот, додавајќи дека тоа е „единствената статуа посветена на диктаторот, која се уште се наоѓа на јавен простор“.

Крајно десничарската партија Вокс гласала против таквиот потег, тврдејќи дека статуата ја славела воената улога на Франко, а не неговата диктатура.

Со шпанскиот Закон за историско сеќавање од 2007 година се овозможува отстранување на сите симболи поврзани со режимот на Франсиско Франко.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести